дозреан | прид.

Дозреан плод.

дозрее | св.

Стане зрел, узрее добро. Неколку лози дозреаја по завршената берба.

дои | несв.

Храни бебе или младо животно давајќи му да цица.

доигра | св.

Заврши игра, престане да игра. Доиграјте ја играта, па соберете ги играчките. Ја доиграа партијата шах. Ќе го доиграм валцерот, па ќе си одам.

доизаби | св.

Изаби до крај, сосема. Го доизабивме ножот и не е за употреба.

доизарчи | св.

Потроши нешто (обично пари) сосема, до крај. Ги доизарчи парите и си дојде дома.

доизбара | св.

Бара нешто до крај, пребара. Ги доизбарав сите податоци, но не го сретнав тој што ми требаше.

доизбања | св.

Заврши со бањањето на некого. Го доизбања детето и го стави в постела.

доизбелее | св.

Избелее уште повеќе, сосема. Ги доизбелеавме маиците чувајќи ги на сонце. Платното доизбелеа од многу перење.

доизбели | св.

Пере нешто бело (обично ткаенина) до целосно обелување, исчистување. Ги доизбели јамболлиите, па ги спростре крај брегот да се сушат.