доизноси | св.
Износи сосема, до искинување облека, обувки. Палтото ти е старо, го доизноси веќе.
доизоди | св.
Изоди до крај.
доизора | св.
Изора до крај.
доизработи | св.
Изработи до крај.
доизрази | св.
Изрази нешто сосема, до крај. Песната ја доизразува мудрата идеја: сѐ да се создава по законите на убавото.
доизрамни | св.
Израмни наполно, сосема.
доизрече | св.
Изрече сѐ, до крај.
доизучи | св.
Изучи до крај некоја дејност, училиште, степен на образование. Чиракот го доизучи ковачкиот занает кај друг мајстор.
доизџвака | св.
Изџвака убаво, доволно.
доилка | ж.
Жена што дои свое дете. Доилката ја крена главата од своето дете.