доима | св.
Престане да има, снема. Имав што имав и ... доимав.
доисели | св.
Исели сосема, до крај.
доисече | св.
Исече сѐ што треба, до крај.
доискаже | св.
Искаже сѐ, разјасни до крај. По ручекот, тој ја доискажа почнатата мисла.
доискалапи | св.
Искалапи до крај, заврши со калапење.
доискапе 1 | св.
Искапе до крај, докапе, добања. Го доискапав детето и го ставив во постела.
доискапе 2 | св.
Капе сосема нешто веќе накапано, од капе2. Го доискапав фустанот со сок од малини.
доискастри | св.
Искастри дрво до крај.
доискачи | св.
Искачи високо место сосема, до крај. Планинарите го доискачија врвот попладнево.
доискашла (се) | св.
Се искашла сосема.