доискине | св.
Искине сосема, до крај.
доисколе | св.
Исколе сѐ, сите до еден. Диосколи ги сите кокошки во дворот.
доископа | св.
Ископа место до крај, ископа доволно. Мајсторите ги доископаа темелите.
доискорени | св.
Искорени сосема, до крај. Со строгите и навремени мерки ја доискоренивме болеста.
доискраде | св.
Искраде сѐ, до крај, докраде. Вчера крадците ни ги доискрадоа вредните работи во куќата.
доискрвави | св.
Искрвави до крај. Ранетиот доискрвави.
доискриви | св.
Искриви нешто до крај. Ја доискриви устата во знак на незадоволство.
доискрпи | св.
Искрпи сѐ што било за крпење. Ги доискрпи маиците. Го доискрпи фустанот.
доислуша | св.
Ислуша сѐ, до крај.
доиспасе | св.
Испасе сѐ, до крај.