долгорак | прид.
Што има долги раце. Долгорак мајстор.
долгорочен | прид.
Што важи, што е предвиден за подолг рок. Долгорочен кредит. Долгорочна инвестиција.
долготраен | прид.
Што трае долго. Долготраен процес. Долготрајна терапија.
долгоушест | прид.
Што има долги, големи уши. Долгоушест пријател.
долгоушко | м.
Животно (обично зајак или магаре) што има долги уши. Каде одиш магаренце долгоушко?
долгунест | прид.
долдурма | ж.
доле | прил.
долее | св.
Дотури, досипе уште некаква течност. Тој им долеа вино на гостите.
долежи | св.
Лежи до определено време, заврши со лежење. Не можев да долежам в кревет.