дојница | ж.
доилка.
Дојран | м.
Гратче на Дојранското Езеро во Јужна Македонија.
Дојранско Езеро | ср.
Езеро во Македонија.
док | м.
Пристаништен базен во кој се сместува брод за растоварање стока, за чистење, пристигнување или за вршење поправка на бродовите.
докажаност | ж.
Особина на тоа што е докажано;
докаже | св.
Каже, раскаже нешто до крај. Не ми докажа што стана понатаму. Селаните не го оставија да докаже до крај.
докажлив | прид.
Што може да се докаже, да се потврди со аргументи; Оваа варијанта теориски е подокажлива.
докажок | м.
Крај на кажувањето, на раскажувањето. Нивниот разговор нема докажок.
докажувачка | ж.
докажок.
доказ | м.
Непобитен факт, документ или податок со кој се утврдува вистинитоста на нешто. Тоа е достатен доказ за херојство. Докази има колку што сакате! За оваа хипотеза нема сигурни докази.