домака | св.
Заврши со макањето. Го домака јадењето во чинијата.
домал | прид.
За прст – што се наоѓа меѓу средниот и малиот прст. Секирата ми го преполови домалиот прст. Се удрил со камен по домалиот прст.
домами | св.
Привлече некого да дојде, придобие со мамење. Тој ме домамил ваму за да ме фатат во стапица. Свирката го домамила девојчето.
домар | м.
Лице што се грижи за одржување на дом, куќа, простории и сл. Клучевите се кај домарот.
домароден | прид.
домаршира | св.
Стигне марширајќи до определено место, до некаде. Тие домаршираа пред неа и ја поздравија строго.
домаси | прил.
Во својот дом, дома. Се вратил домаси.
домат | м.
Вид едногодишно градинарско растение со црвени, тркалезни и сочни, месести плодови што се користат во исхраната (за салата, сок, додаток при готвење); плодот на ова градинарско растение; Lycopersicum esculentum. Плодот на доматот е сочен. Имале големи плантажи на кои одгледувале домати. Кошница полна со домати. Летно јадење од домати и пиперки.
доматен | прид.
Што е направен од плодови на домати. Доматен сос. Доматно пире.
домачка | св.
Заврши со мачкањето. Го домачка целиот путер на лебот.