домачне ми | св.
Ми) стане мачно, досадно, непријатно. Му домачне да го гледа. Кога ќе ти домачни, ќе бегаш. Му домачнело да молчи.
домашар | м.
(разг.) Тој што сака да седи дома. Нејзиниот маж е домашар. Ние со мажот ми сме домашари.
домашен | прид.
Што се однесува на домот, на семејството, што има работа, служба поврзана со домот или со семејството. Домашна адреса. Домашно воспитување. Домашен лекар. Домашна послуга. Домашни помошнички.
домаќин | м.
Лице што управува со куќата, со домот; глава на семејството, стопан. Секој домаќин си остава наследник на куќата. Многу домаќини ги напуштија своите огништа.
домаќинка | ж.
домаќин_1_2_3_6 Ќерка ти е домаќинка на место. Јас сакам домаќинка на куќата. Се знаат ли работите на селска домаќинка особено во побогата куќа? Сам сум, откако ми умре домаќинката.
домаќинлак | м.
домаќинов | прид.
Што се однесува на домаќин. Домаќинов адет.
домаќински | прид.
Што се однесува на домаќин. Да направиме домаќински муабет. Му ја згази честа и домаќинското достоинство. Ја заменуваше во сите домаќински работи.
домаќинство | ср.
Лицата што живеат заедно како едно семејство и нивниот имот. Таа ќе има свое домаќинство. Во Македонија биле колонизирани околу 7 000 домаќинства.
домеле | св.
Заврши со мелењето, сомеле нешто до крај. Домели го месото. Пченката ја домеливме, нема повеќе.