дол | м.

Вдлабнато место меѓу два рида каде што тече или некогаш течела река. Од обете страни на овој сув дол се издигаа карпести ридови. Само од долот шуми реката.

долае | св.

Престане да лае. Кучето долаја и се врати кај стопанот.

долаже | св.

Заврши со лажењето. Ги лажев девојките и ги долажав.

долази | несв.

Дојде, стигне некаде со лазење. Тој долазил до него и му рекол да не се плаши.

долактица | ж.

Дел од раката помеѓу лакотот и дланката. Ја избриша устата со долактицата. Раце долактици како снопје се креваа нагоре.

долама | ж.

Машка горна облека со ракави, обично волнена и долга. Беше облечен во долга црна долама.

долап | м.

Вѕидан орман, шкаф за сместување облека, садови и др. предмети; плакар. Одеше кон долапот во кој беа шишињата со ракија. Долапот беше полн со негови алишта.

долапа | св.

Изеде со лапање сѐ, до крај. Ја долапа кашата и веднаш излезе.

долар | м.

Парична единица во САД, Канада и др. земји. Кога дошле тука, со по некој долар, за првпат во животот виделе филм.