долг | прид.
Што има голема должина; краток, кус. Долг чардак. Долга рака. Долга пушка. Долги бради.
долг | м.
Заем во пари или во некоја друга материјална вредност што треба да се врати некому. За невратениот долг им ги земаше нивите. Имаше долгови во банката. Фирмата тонеше во долгови.
долгач | м.
Многу висок и слаб човек. Долгачот се пробиваше меѓу гостите.
долгманест | прид.
Што е издолжен, што има поголема должина отколку ширина. Имаше бели раце и долги прсти со долгманести нокти. Таму седеше неизбричен човек со долгнавесто лице.
долго- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење дека тоа што е искажано со вториот дел е содржано во поголема мера.
долгобрад | прид.
Што има долга брада. Долгобради старци.
долгобрадест | прид.
долговечен | прид.
Што живее долго, што има долг век. Во селото има многу долговечни старци.
долговрат | прид.
Што има долг врат. Му раскажувал на долговратиот младич. Таа беше бела и долговрата.
долговремен | прид.