долгогодишен | прид.

Што трае многу години, што се создава, што настанува во текот на многу години. Долгогодишно искуство. Долгогодишна работа. Долгогодишна борба.

долгоклунест | прид.

Што има долг клун. Долгоклунест штрк.

долгокос | прид.

Што има долга коса. Долгокоса жена.

долгокрак | прид.

Што има долги краци. Долгокрака скорпија.

долгометражен | прид.

За филм – што трае подолго време; Долгометражен игран филм.

долгоног | прид.

Што има долги нозе. Долгоноги момчиња.

долгонос | прид.

Што има долг, голем нос. Долгоноса девојка.