долгоочекуван | прид.

Што е очекуван, на кој се чека долго. Долгоочекувано писмо.

долгорак | прид.

Што има долги раце. Долгорак мајстор.

долгорочен | прид.

Што важи, што е предвиден за подолг рок. Долгорочен кредит. Долгорочна инвестиција.

долготраен | прид.

Што трае долго. Долготраен процес. Долготрајна терапија.

долгоушест | прид.

Што има долги, големи уши. Долгоушест пријател.

долгоушко | м.

Животно (обично зајак или магаре) што има долги уши. Каде одиш магаренце долгоушко?

доле | прил.

долее | св.

Дотури, досипе уште некаква течност. Тој им долеа вино на гостите.