долу | прил.
На ниско, на пониско место, под некое друго место; горе. Со трчаница скокнала од карпата долу. Го чекаше старецот долу на мостот. Слезе неколку скалила подолу. Тргна долу по ридот.
долупи | св.
Лупи, излупи до крај. Ги долупив компирите.
долупотпишан | прид.
Што е потпишан долу, под даден текст. Јас, долупотпишаниот, однапред го признавам моето дело. Ние, долупотпишаните, се плашиме дека со оваа постапка тој може негативно да влијае врз младите.
долути ми | св.
Почувствува лут вкус. Ми долути од пиперката.
долче | ср.
дољум | м.
Земјишна мера – 920м2.
дом | м.
Куќа или стан како место за живеење; живеалиште. Тој чекореше кон својот дом. Тие добија нови домови и покуќнина.
дома | прил.
Во својот дом, в куќи. Имам работа дома. Татко му е дома. Оди си дома. Се враќаше дома кај своите. Дома нема никој.
домава | св.
Престане со мавањето. Домавал со прачката по грбот на магарето и седнал.
домазет | м.
Маж што по женидбата живее во куќата на родителите на својата жена. Се оженив и отидов домазет.