доминација | ж.

Власт, владеење, надмоќност. Под нивна доминација биле и повеќе други мали острови.

Доминика | ж.

Островска држава во Карипското Море. Доминиканец, Доминиканка, Доминиканци етн.

Доминиканска Република | ж.

Држава на островот Хаити, Карипско Море.

доминион | м.

Самоуправна, независна територија со свои органи на власта која влегува во составот на Британската империја; поранешна британска колонија. Во државноправен поглед континентот имаше сличен развиток како и другите доминиони.

доминира | несв.

Преовладува, има надмоќ, се истакнува, надвишува. Сината боја доминираше на ѕидот. Во деветнаесеттиот век во литературата доминира францускиот роман. Тој даб доминираше над целата месност.

домино | ср.

(само едн.) Вид игра со правоаголни плочки кои на едната страна се обележани со различен број точки.

домисла | ж.

Нешто што е резултат на нечие размислување, нешто што е смислено; замисла. Идејата, среќната домисла да се состави ваква книга, се раѓа речиси спонтано. Беше брз на зборот, уште побрз на домислата. Тоа се само пусти домисли.

домисли | св.

Смисли, обмисли нешто до крај. Не ја домислил работата како што треба.

домоли | св.

Постигне нешто со молење. Ја домоли мајка си да ѝ купи нов фустан.