домороден | прид.
Што е од домашно потекло; тукашен, домашен. Луѓето пиеја од нашата лута домородна мастика. Домородни птици. Домородни алатки.
домородец | м.
Лице што потекнува од определено место; староседелец. Домородецот стоеше покрај узенгиите и плашливо гледаше. Овде живеат неколку стотини домородци.
домота | св.
Мота, намота до крај. Ја домотала и последната мотаница со преѓа.
домрда | св.
Престане да мрда. Врапчето мрда, мрда и домрда.
домрзи ме (те го...) | св.
Стане мрзлив, нема волја за работа. Ги домрзе да работат, па излегоа да се прошетаат.
домски | прид.
Што се однесува на дом. Домски ред. Домска управа.
Дон | м.
Река во Русија.
донавие | св.
Навие нешто до крај. Донавиј го часовникот оти ќе запре.
донајаде се | св.
Се најаде доволно. Се донајадов и легнав да се одморам.
донамисли | св.
Добро обмисли, смисли нешто до крај. Не го кажа тоа што го донамисли.