донекаде | прил.

До некое, до определено место. Патот барем донекаде му беше познат. Патуваат ноќе, донекаде по патот, а после над селата. Донекаде одев пеш на работа.

донесе 1 | св.

Пренесе, предаде некому нешто носејќи го од некаде. Донеси вода во ѓумовите. Му донела нешто за јадење. Бротчето донесе патници. Дедо Мраз ќе им донесе подароци на децата.

донесе 2 | св.

За кокошка – престане да несе јајца. Кокошките се стари, ќе донесат наскоро.

донесеник | м.

Дете што го довела мајката кога се премажила. Не го сакаа зашто беше донесеник.

донжуан | м.

Заводник на жени, љубовник (според лик од книжевноста). Тој е провинциски донжуан.

донжуанство | ср.

Заводнички начин на живот. Сака да го истакне своето донжуанство.

дониже | св.

Заврши со нижењето. Го донижавме тутунот.

донира | несв.

Подари, подарува средства или други материјални добра за општествено корисни цели. Донираше облека во Црвениот крст. Донираше книги за училиштето.

донкихотство | зам.

Склоност кон мечтаење, кон авантури Донкихотството на царот.

донкихотштина | ж.

Сета залудност на постапките и идеите на Дон Кихот.