доноси | св.

Носи нешто до крај, додека требало или додека можело да се носи. Вреќата беше претешка, одвај ја доносив до дома.

доносител | м.

Тој што, според прописите и според определена постапка, донесува, поднесува нешто (чек, документ и сл.) 2. Тој што донесува нешто; донесувач. Чекот гласи на доносителот.

дообере | св.

Обере нешто до крај. Ги дообравме и последните плодови од градината.

дообјасни | св.

Објасни тоа што останало нејасно, објасни до крај. Изгуби желба да ја дообјасни својата мисла. Останува една работа што ќе мораме да ја дообјасниме.

дооблекува | несв.

Облекува до крај. Го дооблекуваше детето.

дообликува | несв.

Обликува нешто до крај. Не можеше да ја дообликува фигурата.

дообработи | св.

Обработи до крај. Ги дообработи сите податоци.

дообработка | ж.

Завршување, последна фаза од обработката на нешто. Материјалот е вратен на дообработка.

дообразложи | св.

Образложи нешто до крај. Не го оставија да дообразложи.

доодбере | св.

Одбере до крај. Доодбрав од тоа што остана.