допие | св.
Испие до крај. Тој на еден здив ја допи воткта. Останаа да го допијат виното.
допир | м.
Допирање со рака, со дел од телото; непосредно, наполно доближување на еден предмет со друг. Тој се стресе од студениот допир на нејзиното чело. Секој допир на табанот со земјата го чувствуваше како усвитен убод. Ги чувствуваше допирите од јазикот на срнчето.
допирен | прид.
Што се доближува, што е близок до нешто. Допирни точки. Допирни страни.
допирлив | прид.
Што може да се допре; што постои. Допирлива среќа. Допирлива стварност.
допис | м.
Новинарска статија испратена од дописник или соработник. Дописот беше проследен со белешка од редакцијата.
дописен | прид.
Што се однесува на допишување 2. Дописен курс. Дописни карти.
дописка | ж.
Кратка статија или белешка во весник во која се соопштува за некој актуелен настан. Наводите во дописката се потврдени.
дописник | м.
Лице што пишува и испраќа новинарски текстови (во весник, радио и сл.) од некое место во земјата или од странство. Тој е дописник на еден белградски весник. Неколку години работеше како воен дописник.
дописништво | ср.
Работна единица во некое место од која се испраќаат новинарски текстови до главната редакција.
допита (се) | св.