дошика се | св.
Се сети, се досети. Одвај се дошикал што сакала да му каже.
дошиклив | прид.
Што лесно се дошикува. Тој е дошиклив човек.
дошлак | м.
Лице што се доселило од друг крај, дојденец. Дошлакот говорел грчки. Дошлаците од селата.
дошуми | св.
Престане да шуми. Дошумија селските воденици.
дошумоли | св.
Престане да шумоли. Дошумолеа лисјата на стариот даб.
доѓубри | св.
Заврши со ѓубрењето, наѓубри до крај.
доѕида | св.
Заврши со ѕидање. Мајсторите го доѕидаа мостот.
дојава | св.
Пристигне некаде со јавање. Во меаната дојаваа тројца на коњи.
дојаде | св.
Заврши со јадењето. Набрзина ја дојаде мусаката и излезе.
дојазди | св.
Дојде со јаздење, со јавање, дојава. За половина час дојаздија коњаниците.