дојази | св.

Дојде до врв до некое место со јазење. Дојази до гранката со зрели сливи.

дојасни | св.

Објасни до крај, разјасни. Го дојасни кажаното давајќи примери.

дојде | св.

Одејќи или движејќи се со превозно средство пристигне на местото до оној што зборува, стигне, пристигне. Дојди да ти кажам нешто. Војниците дојдоа во селото.

дојденец | м.

Човек што се преселил некаде од друго место; доселеник, дошлак. Населението сосема ги прифати дојденците од другите острови.

дојка | ж.

Орган со млечни жлезди на градите кај жената и соодветен орган кај женките на цицачите; боска, цицка. Најчесто задојувањето започнува со десната дојка.

дојница | ж.

доилка.

Дојран | м.

Гратче на Дојранското Езеро во Јужна Македонија.

Дојранско Езеро | ср.

Езеро во Македонија.