дољум | м.

Земјишна мера – 920м2.

драг | прид.

Што предизвикува радост, среќа, задоволство; мил, пријатен, убав. Драг поглед. Драга девојка. Драго село. Драги предмети.

драг | м.

Долг стап за потпирање распнато јаже, за чукање ореви и сл. Долг драг. Оревов драг.

Драговит | м.

Припадник на племе од македонските Словени.

драгоман | м.

Официјален толкувач, преведувач. Драгоманот на конзулот.

драгон | м.

Војник во лесна коњица. Одред драгони.

драгоцен | прид.

Што има висока цена, скапоцен. Драгоцен камен. Драгоцени книги.

драгстор | м.

Продавница за храна што работи до доцна во ноќта или непрекинато.

дразба | ж.

Чувство предизвикано со физиолошки процес или со надворешно влијание врз сетилата. Надворешни дразби. Силината на дразбата.