дразлив | прид.

Што лесно се возбудува, се дразни. Дразлив човек.

дразни | несв.

Предизвикува поголема активност на сетилата, силни чувства, возбуда, лутина. Лутиот прав му го дразнеше грлото. Силната светлина ги дразни очите. Го дразнеа дрските погледи.

драка | ж.

Вид бодликава грмушка со жолти цветови во вид на грозд и дрвенести плодови во вид на диск; Paliurus aculeatus. Трчаше низ сувите драки и капини.

драконски | прид.

Претерано остар, премногу строг (по атинскиот законодавец Дракон). Драконска мерка. Драконски казни.

драм | м.

(арх.) Мера за тежина (3, 207 г).

драма | ж.

(само едн.) Вид книжевен жанр. Македонската драма меѓу двете војни. Современа драма. Античка драма.

драматизам | м.

Напнатост, сериозност на драмското дејство, силен, драматичен конфликт. Силниот драматизам се чувствува во целата драма.

драматизација | ж.

Преработка на едно книжевно дело за прикажување на сцена. Драматизација на текстови. Драматизациите на епските четива.

драматизира | св. и несв.

Преработи, преработува во драма друго литературно дело. Многу народни басни биле драматизирани.

драматика | зам.

Напнатост, возбудливост, драмати Драматиката на гласот. Непрекината драматика.