драматичар | м.

Драмски писател. Антички драматичари. Тоа е дело на современ драматичар.

драматичен | прид.

Што има својство на драма, што е тежок, потресен, напнат. Драматична борба. Драматични настани.

драматург | м.

Лице што го составува драмскиот репертоар и ги определува улогите на артистите. Тој е познат драматург.

драматургија | ж.

(лит.) Наука за драмата и за драмската уметност.

драмлија | ж.

Вид сачма што се употребува за лов. Оловна драмлија.

драмолет | м.

Куса драма, обично во еден чин. Збирка драмолети.

драмџија | м.

Скржавец, циција. Тој е голем драмџија.

дрангулија | ж.

Ситница без голема вредност (обично разни украсни предмети, бижутерија и сл.). Истави ги овие дрангулии да не пречат.

драпа | несв.

Силно чеша. Луѓето ја драпаа кожата.

драпач | м.

Лице што се потсмева, се подбива со некого; Тој е голем драпач.