дречлив | прид.

Што е впечатлив или многу се истакнува. Дречлив глас. Дречлива музика. Дречливи бои.

држава | ж.

Политичко-правна, меѓународно призната, суверена општествена заедница со свои органи за остварување на законодавната, извршната и судската власт, организирана на определена територија.

државен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на држава. Државно знаме. Државен орган. Државни пари. Државен интерес.

државник | м.

Политичар што се истакнува во водењето на државата и на државната политика. Познат државник.

државништво | ср.

Умеење, вештина во водењето на државната политика. Неговото државништво беше високо оценето.

државност | ж.

Сувереност, самостојност и организација на власта, коишто ја прават државата. Своја државност. Македонска државност.

државотворен | прид.

Што е во служба, што работи на создавање и зацврстување на државата. Државотворен народ.

државјанин | м.

Припадник на една држава. Македонски државјани.

државјанство | ср.

Припадност кон определена држава. Македонско државјанство.