Дримкол | м.
Област во Југозападна Македонија.
дркол | м.
Старец. Двајца дрколи.
дркул | м.
дрма | ж.
Ниска шума составена од грмушки и разни ниски дрвја. Се засолнивме во дрмите. Го нашле во дрмата во долот.
дрмка | ж.
дрмлив | прид.
Што е обрастен со ниска шума и грмушки. Дрмливо место.
дрмоли | несв.
Силно или грубо тресе некого или нешто. Го дрмолеше за раменици. Силно ја дрмолеше мрежата.
дрмон | м.
Ретко решето за пресејување жито и сл. Стари дрмони.
дрнда | несв.
Работи со дрндало, растресувајќи замрсена волна. Жените ја дрндаа волната.
дрндав | прид.
Што тропа или испушта неправилен звук. Дрндава гусла.