дрт | прид.
Што е стар, опаднат. Дрт слуга. Дрта жена. Дртав пес
дртало | ср.
Старо, изнемоштено лице. Доста зборуваш дртало ниедно.
дртее | св.
Старее. Сам и заборавен, тој полека дртееше.
дртина | ж.
Стара, изнемоштена жена.
дртла | ж.
Стара, дрта жена.
друг | прид.
Не овој, не посочениот, споменатиот, туку што се разликува од него. Дај ми друг нож, овој не сече. Ќе викнам друг мајстор. Некој друг го направил ова. Други години не било вака.
другаде | прил.
На некое друго место. Треба да се бара некаде другаде. Ќе го закопам другаде некаде.
другар | м.
Лице поврзано со некого со блиски пријателски односи, со разбирање, доверба, дружење. Ти си ми најдобар другар.
другарство | ср.
(само едн.) Другарски, пријателски однос; другарување, дружење. Нивното големо другарство уште трае. Некогашното другарство го заборави. Другарството меѓу нас.
другарува | несв.
Се дружи, живее другарски, е другар/другарка со некого. Другаруваат од деца. Другаруваш со разни мрзливци. Другарувавме јас и татко ти.