дубиозен | прид.
Што е нејасен, двосмислен. Дубиозна изјава.
дубл | м.
Игра на двојки, најчесто во тенис и во пинг-понг.
дубла | ж.
Вид турска златна пара во вредност од две златни лири, се употребува и како украсен предмет. Беше купена со првата дубла од петте. Беше стокмена како накитено дрво, со павти и дубли.
дубле | ср.
Метал обложен со друг метал (сребро со злато и др.). Украсно дубле.
дублер | м.
Лице што го заменува главниот лик на филм, обично во изведување на тешки и опасни сцени. Беше дублер во неколку филмови.
дублет | м.
Еден од два исти примероци, предмети. Овој ракопис е дублет.
дублетен | прид.
Што се однесува на дублет. Дублетна форма. Дублетни ликови.
дублира | св. и несв.
Замени, заменува некого како дублер. Го дублира главниот лик во неколку сцени.
Дубровник | м.
Приморски град во Хрватска.
дува | несв.
Дејствува како воздушна струја и предизвикува слабо или силно движење на воздухот. Надвор дуваше ветер. Дуваше југ и ги топеше снеговите. Мислев дека ти дува низ оџакот.