дувак | м.

Невестински превез. Невестата носеше долг дувак.

дувало | ср.

Направа или цевка за дување со која се разгорува оган. Кујунџијата со дувалото го дуваше огнот.

дуварџија | м.

Ѕидар. Одеше по околните села како дуварџија.

дувач | м.

Свирач на некој дувачки инструмент; дува 3. Тој е најдобриот дувач во оркестарот.

дувка | несв.

Дува во помала мера, со послаб интензитет; Дувкаше пријатно утринско ветре. Дувка студеникав вечерен повеј.

дувло | ср.

Живеалиште за поголеми диви животни во земјата или на засолнато место; брлог. Мечкино дувло. Дувло на волчица.

дувне | св.

дува.