дуе | несв.

Полни со воздух; Ги дуеше градите. Ја дуевме фудбалската топка со пумпа. Продолжи да беснее дуејќи ги образите.

дуел | м.

двобој.

дуеница | ж.

Дрвена шупелка со два отвора. Свиреше на дуеницата цела вечер.

дует | м.

Музичка композиција напишана за два гласа (обично машки и женски) или за два инструмента. Го отсвиривме заеднички првиот дует.

дужд | м.

Титула, звање на државен главатар во Венеција и Џенова. Повелбата на дуждот.

дуздиса | св.

Среди, уреди, дотера нешто. Убаво ја дуздисале одајата. Поинаку го дуздисувам животот.

дузен | м.

Она што служи за дотерување, украсување; накит, козметички средства и сл. Се дотера со повеќе дузени.

дузена | ж.

Дванаесет парчиња од нешто. Дузена бели рози. Две дузени јајца. Дузина писма

дукат | м.

Златник, златна пара (се употребувала и како женски накит). Ти праќам еден дукат од суво злато. Како месечина светеа на тебе дукатите.

дулак | м.

Превез. Беше во невестинска носија, со бел дулак на главата.