душалник | м.
Душанбе | ср.
Главен град на Таџикистан.
душевадец | м.
душевен | прид.
Што се однесува на душата на човекот, на неговиот внатрешен, психички живот. Душевен живот. Душевна драма. Душевна сила. Душевни заболувања.
душегрижник | м.
душек | м.
Цврсто сошиена постилка наполнета со волна, пердуви и сл., која се става врз креветот или на земја и служи за спиење; постела. Мек душек. Сламени душеци. Душеци од пердуви.
душеме | ср.
Дрвен под. Беше пикнат под штиците на душемето.
душен | прид.
Задушлив. Душна визба.
души 1 | несв.
Прави пречки, го спречува дишењето; задушува. Астмата го душеше старецот. Нешто го души во грлото.
души 2 | несв.
За животно (обично пес) – мириса нешто. Шарениот коњ ги душеше своите нови пријатели. Мачката душеше околу бунарот.