дустабан | м.

Рамно стапало. Тешко одеше поради своите дустабани.

дустабанлија | прид.

Што има рамни стапала. Оние што се дустабанлии, комисијата ги враќа.

дух | м.

Психички способности – свест, мислење, способност за спознание.

духовен | прид.

(филоз.) Што се однесува на човековата свест, на умствената дејност на човекот, на духот; дух Духовен живот. Духовен развој.

духовенство | ср.

Свештенички позив.

духовит | прид.

Што умее да забавува, да засмејува, што има смисла за хумор. Од него нема подуховит човек. Духовита досетка. Духовити зборови.

духовник | м.

Свештеник. Духовникот ја благослови трпезата.

духовништво | ср.

Свештенички сталеж, свештенство; клер.

душа | ж.

Целокупност на чувствата, свеста и на карактерните особини на човекот; дух 2. Нематеријалното начело на животот на човекот кое по смртта го напушта телото.