душка | несв.

Со куси, брзи движења души, мириса, бара нешто; души2. Кучето душка по трагата на бегалецот. Говедата ја душкаа тревата.

душкало | ср.

Лице што душка; Тие се покажаа како добри душкала.

душман | м.

Противник, непријател. Падна во рацете на душманот. Тие беа смртни душмани. Твојот пријател е мој душман.

душманлак | м.

Големо непријателство, омраза. Да го заборавиме нашиот душманлак и да почнеме одново.

душник | м.

Дел од органите за дишење во форма на 'рскавична цевка која започнува од гркланот и продолжува до белите дробови. Му го стискаше душникот. Ме дразнеше во душникот.

душовадник | м.

Лице што мачи, што измачува некого; крвопиец. Арамиите се душовадници.

душогрижник | м.

(арх.) Свештеник, поп. Селаните се загрижија да не останат без свој душогрижник.

душогубен | прид.

Што е погубен, смртоносен. Душогубен бол. Душогубна борба.