егоцентризам | м.

Силно изразен егоизам, при што на преден план се ставаат сопствените интереси и сопствената личност.

егоцентричен | прид.

Што се одликува со егоцентризам, што е насочен кон своето его. Беше повлечен од егоцентрична грижа да се остане подалеку од настаните.

едвај | прил.

Со краен напор, со мака, со голем труд; речиси со полно исцрпување, истрошување. Одвај дојдовме до мостот. Едвај ја отвори вратата. Едвај го отплати долгот. Едвај ми стигнаа пари да платам.

еделвајс | ж.

Многугодишно планинско растение што расте на високи карпести предели со зелени лисје и бели ѕвездести цветови; рунолист. Leontopodium. Еделвајсот расте речиси од самите карпи.

едем 1 | м.

Според Библијата – градина, рај на Земјата, рај.

едем 2 | м.

Оток, поткожен подлив од насобрана течност во поткожното ткиво на човек или на животно.

еден | бр.

Најмал основен број за определена бројност, кој се бележи со бројката Еден денар. Една книга. Еден литар. Еден ден работа. Еден час.

едепсаз | м.

Бесрамник, безобразник.