едикојси | зам.

Некојси.

едикт | м.

Наредба, закон, указ, објава.

единаесет | бр.

Основен број за определена бројност, кој се бележи со бројката 11.

единаесетгодишен | прид.

Што има единаесет години.

единаесетка | ж.

Тој или таа што е означено со бројката 11 (играч во спортска игра, натпреварувач, превозно средство, просторија и др.)

единаесетмина | бр.

Група од единаесет лица од машки пол или во мешан состав.

единаесетти | бр.

Бројна придавка од единаесет. а) Во состав со именка означува дека тоа што е означено со именката е единаесетто по ред. б) Во состав со име на месец означува датум. в) Во исказ без името на месецот означува ден во актуелниот месец за кој станува збор во исказот – Ќе се видиме на единаесетти.

единак | м.

единец_1

единаче | ср.

Единствено дете. Чедо единаче.

единачка | ж.

Селска запрежна кола со две тркала.