Единбург | м.

Град во Шкотска, Велика Британија.

единец | м.

Единствен син на родителите.

единечен | прид.

единица | ж.

Бројка со која се бележи природниот број еден.

единичен | прид.

Одделен, индивидуален, изолиран, единствен, само по еден примерок. Единичен случај. Единичен пример.

единка | ж.

Индивидуа, едно лице.

единствен | прид.

Само еден, само тој. Јас не сум единствен на светов. Пчелите се единствени што произведуваат мед.

единствено | сврз.

Само што, освен што. Сите предмети во станот се убаво наредени, единствено масичето јас би го ставила до прозорецот.

единство | ср.

Обединетост, здруженост, согласност. Треба да се чува единството на народот. Нив ги обединуваше единството на сфаќањата.