еклектизам | м.
Недоследно спојување и отсуство на полно единство во поврзувањето на ставови, идеи и начела одбрани и преземени од разни учења.
еклектик | м.
еклектика | зам.
еклектицизам | зам.
еклектичар | м.
Тој што го прифаќа еклектизмот во својата работа.
еклектичен | прид.
Што се однесува на еклекти
еклектички | прид.
Што припаѓа, што се однесува на еклектичар.
еклер | м.
Вид колач од тесто во два дела со долгнавеста форма, исполнет со крем и со чоколадна глазура одозгора.
екне | св.
Испушти ек, силен глас, звук. Екна глас. Екна труба. Екна смеа. Екнаа истрели.
еко- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење еколошки, што се однесува на животната средина (екомитинг, екозагадување).