електротехничар | м.
Лице што се занимава со електротехниката како со основна дејност, како професија.
електрохемија | ж.
Дел од физичката хемија како научна дисциплина што го проучува заемното дејство на физиката и на хемијата врз електричните процеси.
електроцентрала | ж.
Објект, постројка за производство на електрична енергија;
електрошок | м.
Шок предизвикан со електрична струја при лекување на некои психички заболувања.
елем | чест.
Нели, значи. Криви, прави, нема некое значење, елем улици се.
елемент | м.
(хем.) Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови. Хемиски елементи.
елементарен | прид.
Што е основен, појдовен, едноставен. Елементарни услови. Елементарни вежби. Елементарно познавање. Елементарни права.
елемија | ж.
Направа од која се мота предено во клопчиња.
елен | м.
Четириножно, тревопасно диво животно од родот копитари (преживари) со разгранети рогови кај мажјакот; Cervus elaphus. Европски елен. Азиски елен.
елече | ср.
Дем од елек.