елинофилски | прид.

Што има нескриени симпатии и приврзаност кон сè што е грчко и старогрчко. Елинофилски размислувања. Елинофилски коментар.

елинофилство | ср.

Почитување и прифаќање на грчката и старогрчката култура.

елинофоб | м.

Страв, фобија кон тоа што е грчко и старогрчко.

елински | прид.

Што има особеност на старогрчките: јазик, култура, историја и обичаи. Елинска култура. Елинска историја.

елипса | ж.

(мат.) Затворена кружна линија со јајчест облик.

елипсест | прид.

Со форма својствена на елипсата

елиса | ж.

Пропелер за движење на брод или на авион. Бродска елиса. Авионска елиса.

елита | ж.

Избор од најдобрите луѓе, најугледниот дел од некое општество или од некоја заедница.

елитен | прид.

Престижен, одбран, отмен што е со врвни квалитети.

елитизам | м.

Стремеж за истакнување, за создавање елита; ставовите и однесувањето на елитата.