емотивен | прид.
Чувствителен, подложен на емоции. Емотивна постапка. Емотивен човек.
емоционален | прид.
Својствен на емоција, предизвикан од емоција.
емоција | ж.
Душевна состојба на радост, љубов, гнев, страв итн.; чувство. Таа не може да ги контролира сопствените емоции. Внесе многу емоција во работата.
емпиризам | м.
Филозофски правец според кој само со опит, со искуство се доаѓа до спознанието.
емпиричар | м.
Приврзаник на емпиризмот; тој што ја зема емпиријата за основа на работата. Емпиричарите се докажаа во областа на хемијата и на физиката.
емпирија | ж.
Знаење добиено низ практично искуство, потврдено преку практиката; искуство.
емулгатор | м.
(хем.) Средство што се додава за да се добие емулзија од две течности. Овој производ е без емулгатор.
емулзија | ж.
Течност во која се наоѓаат нерастворени ситни капки од друга течност.
емфаза | ж.
Восхит, занес, воодушевување.
емфатичен | прид.
Нагласен, возвишен.