ерупција | ж.

Силно, нагло исфрлање разни материи (лава, вулкански камења, нафта и сл.) од внатрешноста на Земјата. Вулканска ерупција. Ерупција на Етна. Силни ерупции во морето.

Ерусалим | м.

Град во Израел.

есап | м.

Сметка. Не мешај ми се во мојот есап.

есапи | св.

Смета, пресметува. Ние есапиме дека поминале триесет и пет години од неговата смрт.

есапчија | м.

Лице што прави сметки, што умее да смета добро.

есеист | м.

Лице што пишува есеи.

есеистика | ж.

Литературен род што го опфаќа пишувањето есеи.

есен | ж.

Едно од четирите годишни времиња, меѓу летото и зимата. Доцна есен. Наближи есента.

есенен | прид.

есенешен | прид.