жеглив | прид.

Што е остар, силен; што предизвикува болка. Потоа нешто жегливо го жегна во градите.

жегнат | прид.

жегне | св.

жега.

жегол | м.

Железна или дрвена прачка што се става на јарем при впрегање.

жед | ж.

Потреба, желба за пиење течност. Тие ја гаснеа жедта со ладно пиво.

жеден | прид.

Што чувствува потреба за пиење. Тој беше лут, измрзнат и жеден за голтка вода.

Жеден | м.

Планина во Македонија.

жеднее | несв.

Станува жеден, чувствува жед. Болниот жеднееше за вода.

жедник | м.

Лице што е жедно, што чувствува жед. Почнавме да локаме како најголеми жедници на светот.