желурок | м.
Мажјак од желка.
жена | ж.
Лице според полот спротивно на мажот; женско лице во зрела возраст. Мажите и жените се еднакви пред законот.
женачка | ж.
Женева | ж.
Град во Швајцарија.
женет | прид.
За лице од машки пол што е во брак; оженет. Сите три сина ми се женети.
женетина | ж.
аугм. жениште.
жени | несв.
Подготвува машко лице да стапи во брак. В недела имам свадба, син женам.
женидба | ж.
Стапување на машко лице во брак. За женидба има време.
женидбен | прид.
Што се однесува на женидба. Женидбен договор. Женидбени трошоци.
женин | прид.
Што ѝ припаѓа на сопругата, што се однесува на сопругата.