жилет | м.

Ноже за бричење; машинка (направа) за бричење со ноже.

жилетка | ж.

Капутче, елече.

жили | несв.

Пушта жили, корен (за млади, едногодишни гранки што се оставаат да пуштат жили за садење). Коренот жилеше.

жилиште | ср.

Место на живеење; куќа, стан. Кнезот го препорачaл Климента на тамошното население и му доделил три бојарски жилишта во градот Девол.

жилиштен | прид.

Што се однесува на жилиште; станбен.

жило | ср.

Орган во вид на игличесто цевче поврзано со жлездата што лачи отров на задниот дел од телото на некои инсекти (пчела, оса, стршлен) од каде што истекува отров при убод.

жир | м.

жирант | м.

Потписник на меница; лице што ја гарантира исплатата на меницата. Татко му ја потпишал меницата како прв жирант.

жирафа | ж.

Африканско животно, преживар со бледожолта боја на кожата прошарена со темни дамки и со многу долг врат; Giraffa camelopardalis.