жигосан | прид.

Што има жиг. Говедата се жигосани.

жижне | св.

Предизвика (со нешто жешко) болка, чувство на печење. Тој го жижна детето со машата по нога.

жизнен | прид.

жила 1 | ж.

Крвен сад. Ми смрзна крвта в жили. Вратните жили му набрекнаа како врбови корења.

жила 2 | ж.

Детска играчка слична на ластик со врзана кожинка на средината на која се става каменот кој се исфрла со вртење или оптегнување; праќа. Детето ја оптегна жилата и го фрли каменот за да погоди едно врапче.

жилав | прид.

Што има жили, што е со истакнати, нагласени жили. Грст земја од родниот крај во неговата жилава рака му ја враќа силата и надежта.

жилавка | ж.

Сорта бело грозје. Жилавката е многу родна сорта.

жилавост | ж.

Особина на тој што е жилав и својство на тоа што е жилаво; упорност, истрајност, постојаност.

жилест | прид.

Што има многу жили. Гледаше во своите жилести раце.