жичен | прид.
Што е од жица. Жичена ограда.
жичница | ж.
Превозно средство со кабини или со отворени седишта што се влечат со жица. Жичницата од Тетово до Попова Шапка повторно е пуштена.
жишка | несв.
жишне | св.
жлеб 1 | м.
Долга тесна вдлабнатина на некој предмет во којашто влегува испапчениот дел од друг предмет. Жлебовите на фиоката не лежеа добро. Тркалото излезе од жлебот.
жлеб 2 | м.
Голема бочва за превоз на грозје, сливи и сл. Жлебовите беа полни со грозје.
жлебен | прид.
Што се однесува на жлеб. За зацврстување се употребуваат чивии, а почесто жлебен состав.
жлебина | ж.
жлезда | ж.
(анат.) Орган во телото на човекот или на животните што создава и излачува секрет. Лимфна жлезда. Млечна жлезда.
жлезден | прид.
Што се однесува на жлезда. Жлездно ткиво.