жителство | ср.
Население што живее во некое место.
житен | прид.
Што се однесува на жито, што е од жито. Житен клас. Житни култури. Житно поле.
жити | и.
житие | ср.
Животопис на светец.
житница | ж.
Плодороден крај во кој успева жито. Под селото се гледаше богатата бескрајна житница.
жито | ср.
Заеднички назив за едногодишните растенија чијшто зрнест плод служи за исхрана (пченица, јачмен, 'рж, овес, ориз, пченка и др.). Житата почнале да растат.
житовино | ср.
житороден | прид.
Што дава многу жито, што раѓа жито. Житороден крај. Житородни полиња.
жица | ж.
Усукана нишка; конец. Конец од три жици.
жичарница | ж.