жолточен | прид.
Што се однесува на жолток. Жолточната материја се наоѓа во средината на јајцето.
жолтулав | прид.
жолтунест | прид.
жолтуњав | прид.
жолч | ж.
жолчен | прид.
Што се однесува на жолчка. Жолчни киселини. Жолчен сок. Жолчен камен.
жолчка | ж.
Внатрешен орган кај човекот и кај некои животни во вид на меур во кој се слева сокот што го излачува црниот дроб. Болест на жолчката.
жолчлив | прид.
жонглер | м.
Артист (обично во циркус) што се занимава со жонглирање. Жонглерот ги фрлаше топките во воздухот. Жонглер со шишиња.
жонглерство | и.
Жонглерска вештина, жонглирање. Публиката беше пријатно изненадена од неговото жонглерство.