забајан | прид.

Што е занесен, маѓосан од баење. Како забајан чекореше по снегот. Стоеше како забајана од некоја непозната молитва.

забајати | св.

Почне да бајати, да станува бајат. Го остави лебот да забајати.

забања | св.

Почне да бања некого; бања. Мајката само што го забања детето, тоа почна да плаче.

забега | св.

Почне да бега; бега Се отфрли на колена и забега надолу по улицата. Се сврте и пак забега низ ластунките.

забеган | прид.

Што претерал во нешто; Забеган човек.

забел | м.

Шума во која е забрането да се влегува (да се пасе добиток, да се лови и сл.), обележана со забелување на стеблата. Зад потокот имаше дабов забел.

забелее се | св.

Се покаже, се појави со својата белина; белее (се) 3. Косачот го фати каменот што му се забелеа пред косата.