забележи | св.

Запише нешто. Зеде хартија да забележи неколку збора. Записничарот не го забележал целосно моето искажување.

забележителен | прид.

Истакнат, прочуен, познат. Тој е мошне забележителен спортист. Тој е најзабележителен драмски автор кај нас.

забележлив | прид.

Што може да се види, да се забележи. Забележлив одблесок. Забележливо движење.

забелешка | ж.

Дополнување кон нешто што е претходно кажано; коментар, досетка. Малкумина ја слушнаа оваа зајадлива забелешка. Тој не одговори на неговата забелешка. Го проследија говорот со забелешки од своја страна.

забели | св.

Почне да бели нешто; бели_1_2 Девојките ги забелија платната во реката.

забен | прид.

Што се однесува на заб. Забен камен. Забна амбуланта. Забно ткиво.

забер | м.

Карпа, спила. Сонцето ги допира заберите на планината.

забере | св.

Почне да бере; бере Уште не го забрале тутунот.

забест | прид.

Што има големи заби. Забест момчак. Забести животни.