забоботи | св.

Почне да боботи. Машините силно забоботија.

забогати (се) | св.

Стане богат. Ме праша како (се) забогатив. Едни осиромашија, други (се) забогатија.

забоде | св.

Почне да боде; боде_1_2 Тој ги забоде воловите со стапот и ги потера.

забодина | св.

Почне да бодина; Се качи на коњот и забодина накај градот.

заболедува | несв.

Почне да боледува. Заболедува од пред една година.

заболекар | м.

Тој работи како заболекар, поправа заби.

заболен | прид.

Што е болен од нешто. Заболен добиток. Заболени деца.

заболи | св.

Почне да ме (те, го...) боли, ми се појави физичка болка. Му се оптегна жилата на раката и остро го заболе. Го заболе силно главата.